Милошоски во Брисел на разговори за визната либерализација

Европската Комисија,,многу прагматично и врз основа на фактичката состојба“ ќе пристапува во однос на прашањето за укинување на визите за земјите од Западен Балкан. Изјави денеска портпаролот на Европската Комисија Микеле Черконе одговарајќи со тоа на прашањето дали во Унијата се размислува за ,,регионално групно решение“ за сите земји од Балканот. Агенциите јавуваат дека денеска во Брисел македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, имал средба со потпретседателот на Европската Комисија Жак Баро, за да разјасни дали во 2010-та година за Македонија ќе бидат укинати визите и дека земјата нема да мора да чека останатите држави од регионот да исполнат уште некои услови.