Властите во Шри Ланка држат околу девет илјади Тамилски Тигри

Властите во Шри Ланка соопштија дека држат повеќе од девет илјади поранешни борци од редовите на Тамилските Тигри. Повеќето од нив ќе бидат испратени на ,,рехабилитација и професионален тренинг“, а околу 1 600-тини ќе бидат задржани на испитување за поврзаност со евентуални ,,терористички напади“. Минатата недела властите во Шри Ланка прогласија победа над Тамилските Тигри, по 25 годишни борби.