Вашингтон ја гарантира безбедноста на Јапонија и Јужна Кореја

Белата Куќа соопшти дека Претседателот Барак Обама уште еднаш ја потврдил американската посветеност за безбедноста на Јапонија и Јужна Кореја по нуклеарната проба извршена од Северна Кореја. Вчерашната подземна проба на Пјонгјанг наиде на силна осуда од меѓународната заедница. Советот за безбедност на Обединетите нации пак едногласно ја осуди како кршење на резолуцијата на Светската Организација и одлучи да подготви нова резолуција во врска со нуклеарните активности на Пјонгјанг