САД остро ја осудија Севернокорејската нуклеарна проба

Американскиот претседател Барак Обама остро ја осуди новата нуклеарна проба што денеска ја изврши Северна Кореја, истакнувајќи дека е неопходен одговор од Соединетите Држави и меѓународната заедница. Активностите на Северна Кореја ја загрозуваат безбедноста на луѓето од североисточна Азија. Тоа претставува гфлагрантно кршење на меѓународните закони, и е во спротивност со претходните заложби на Северна Кореја. Неопходен е одговор од Соединитети Држави и меѓународната заедница, рече Обама. Вечерва во врска со нуклерното тестирање од страна на Пјонгјанг на итен состанок ќе заседава Советот за безбедност на ОН. Повеќе земји во светот веќе ја осудија севернокорејската нуклеарна проба, по која како што е соопштено, следувало тестирање и на три ракети со краток дострел.