Муслиманската заедница во Грција обвинува дека е маргинализирана

Маргинализацијата на муслиманската заедница во Грција е вистинска ,,темпирана бомба“ предупредуваат претставниците на оваа заедница по минатонеделните насилства што избија во Атина. Тоа е темпирана бомба и таа нема да експлодира веднаш, но ќе стане сериозен проблем за десет години, изјави Наим Ел Гадур претседател на Муслиманската Унија во Грција. Во протестите минатата недела меѓу муслиманското население во Атина, при што дојде до судир со полицијата, беа повредени десетина луѓе.