Иран ги отфрла нуклеарните разговори со Западот

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека Техеран нема да оддржи разговори со шестте светски сили за иранската нуклеарна програма. И претходно кажавме дека нема да разговараме за нуклеарни прашања надвор од разговорите со Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави Ахмадинеџад. Тој го одби предлогот на Западните земји кои на Иран му понудија замрзување на натамошните санкции од Обединетите Нации, во замена Техеран да ја замрзне нуклеарната програма.