Караџиќ бара прекин на процесот во Хаг поради имунитетот од Холбрук

Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ денеска побара од Хашкиот Трибунал да ја прекине постапката и да го отфрли обвинението против него за сторени воени злосторства, повикувајќи се на имунитетот што во 1996-та му го гарантирал поранешниот американски претставник Ричард Холбрук. За неговото барање дополнително треба да одлучи Судскиот совет во Хаг. Караџиќ минатата година по 11 години бегство, беше уапсен и префрлен во Хаг каде му се суди за воени злосторсвата врз босански муслимани.