Во Монголија победа на опозицијата на претседателските избори

Кандидатот на опозиционата Демократска партија Елбегдорј Тсахија победи на вчерашните претседателски избори во Монголија. Владејачката Народна револуционерна партија, како што јавуваат агенциите, го признала поразот и изразила надеж дека неговата победа ќе доведе до подобрување на однсоите меѓу двете партии. Елбегдорј, кој веќе на два пати беше премиер најави борба против сиромаштијата од која се зафатени една третина од скоро трите милиони жители на Монголија.