Нови земјотреси во Валандово и Богданци

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје синоќа регистрираа нови земјотреси од серијата која започна на 23 мај и се уште трае. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 125 километри југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје. Досега се регистирани 180-тина земјотреси. Најсилните беа вчера со сила од над 4 ипол степени според Рихтеровата скала.