Еден починат по тепачката во индускиот храм во Виена

Австриската полиција соопшти денеска дека починал еден од повредените во тепачката меѓу две групи верници во храмот на индуските Сики во Виена. Во вчерашната тепачка во која биле користени ножеви и огнено оружје беа повредени 16 луѓе.