Борби меѓу пакистанската армија и талибанците

Пакистанската армија соопшти дека од талибанските милитанти освоила, како што се наведува, значајни делови во Мигнора, најголемиот град во северозападната област Сват. Во борбите биле убени петмина милитанти, додека четиринаесет други биле ранети. Пакистанската армија покрена офанзива во Сват откако талибанците почнале да се приближуваат на сто киломтери од главниот град Исламабад. Околу милион и седумстотини илјади луѓе биле принудени да ги напуштат домовите поради борбите во тие подрачја.