Лавров во посета на Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во рамки на посетата на Сирија се сретна со лидерот на палестинското исламско движење Хамас, Калед Машал кој живее во егзил во Дамаск. Лавров изрази надеж дека обединета палестинска делегација ќе присуствува на можната мировна конференциј посветена на Блискиот Исток што подоцна во текот на годинава би се оддржала во Москва. Рускиот министер денеска во Дамаск се очекува со сиријскиот претседател Башар Ал Асад, да дискутира околу планот на Москва за Блискиот Исток, а ќе присуствува и на состанокот на Организацијата на Исламска Конференција.