Четворица курдски бунтовници убиени во судири со турските сили

Четворица курдски бунтовници се убиени во судир со турските сили за безбедност во југоисточна Турција, соопшти турската армија. Во соопштението не се прецизира кога се случил судирот во југоисточниот град Лиџе, северно од Дијарбекир.