14 повредени во судирите на полицијата со муслимани во Атина

14 луѓе биле повредени, а 46 уапсени по синоќешните судири меѓу муслиманските демонстранти и грчката полиција во Атина. Муслиманите протестираа бидејки еден полицаец уништил Куран, а полицијата со солзавец и шок бомби се обидуваше да ги растера. Во нередите биле уништени над 70 автомобили и оштетени повеќе објекти.