Роксана Сабери се врати во САД

Американската новинарка со иранско потекло, Роксана Сабери, кој помина 4 месеци во затвор во Иран, се врати во Соединетите Држави. Таа им се заблагодари на американскиот претседател Барак Обама, на државниот секретар Хилари Клинтон, на претставници од Европа и од Јапонија, како и на повќе организации за човекови права за подршката што и ја даваа додека беше в затвор.