Тамилските бегалци без вода и храна

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска посети еден бегалски камп на тамилците во Шри Ланка, кои ги напуштија своите домови поради борбите меѓу владините сили и Тамилските Тигри. Бан Ки Мун изјави дека приоритет е да им се обезбеди храна и вода на околу 300 илјади расселени лица. Владата на Шри Ланка неделава прогласи конечна победа во над 25-годишната војна против Тамилските Тигри.