САД: Поголема контрола врз неконтролираното трошење за одбраната

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша конгресниот закон чија цел е заострување на контролата на трошоците за одбрана. Обама укажа на студијата која открила дека 295 милијарди долари од даночните обврзници во минатата година биле непотребно потрешени и тоа за 95 програми од одбраната. Тоа е недозволиво во време кога земјата води две војни во странство и се обидува да ја заузда рецесијата дома, изјави претседателот Обама.