Рускиот претседател ќе именува шеф на Уставниот суд

Руските пратеници го изгласаа законот со кој шефот на државата ќе именува претседател на Уставниот суд. Критичарите велат дека законот е дел од чекорите на Кремљ за да ја преземе контролата врз судскиот систем во земјата. Изборот на претседателот на Уставниот суд, според законот, ќе треба да биде одобруван од Горниот дом на рускиот парламент.