Потребна е помош за 1,9 милиони бегалци во Пакистан

Обединетите Нации апелираа за 543 милиони долари помош поради, како што се наведува, неверојатните страдања на бегалците од Пакистанската војна против талибанските милитанти. Апелот е упаен денеска од страна на координаторот на Светската Организација во Исламабад Мартин Могванија. Според пакистански извори, над 1,9 милиони лица ја напуштиле долината Сват. Во меѓувреме американски воен командант изјави дека американската офанзива во соседен Авганистан може да ги притисне талибанците подлабоко во Пакистан.