Грчката полиција се судри со муслимански имигранти

Судири меѓу силите на редот и повеќе од 1.000 муслимански имигранти избија синоќа во центарот на Атина. Демонстрантите ги обвинуваат полицајците, дека при апсењето на четворица сириски имигранти, еден полицаец искинал и потоа газел врз примерок од муслиманската света книга – Куранот. Демонстрантите фрлале канти за ѓубре и гаѓале со камења по полицијата. Еден полицаец е полесно повреден, а има и оштетен автомобил. Полицијата соопшти дека употребила солзавец за да ги растера демонстрантите.