23 лица загинаа во серија самоубиствени напади во Ирак

Во серија самоубиствени бомбашки напади денеска во Ирак загинаа најмалку 23 лица. При експлозија на бомба, активирана од бомбаш самоубиец на пазар во Багдад загинаа 12 лица, а во истиот напад загинале и тројца американски војници. Вториот самоубиствен напад се случил во градот Киркук, при што загинале осум лица. Инцидентите се случуваат на само една недела пред повлекувањето на американските трупи од поголемите ирачки градови.