Разоружан човекот што со бомби влезе во Претседателството на Србија

Лицето што денеска влезе со две рачни бомби во зградата на Претседателството на Србија, е разоружано, соопштија од прес службата на српскиот претседател Борис Тадиќ. Одземена му е и втората бомба, а преговорите со него сеуште траат. Како што јавија српските агенции, во зградата на Претседателството, упаднал извесен Драган Мариќ, бизнисмен од Ваљево, кој се закануваше дека ќе ја активира бомбата, незадоволен од одредена судска пресуда. Околу зградата и натаму има силно полициско обезбедување.