Нема следење на судењето на опозициониот лидер во Мјанмар

Властите во Мјанмар им забранија на дипломатите и новинарите да го следат судењето на опозициониот лидер во оваа земја Аунг Сан Су Чи, ден откако беше сооштено дека ќе им биде дозволено да го следат судскиот процес. Како што изјави официјален претставник во Мјанмар, таквата одлука важела само еден ден. Су Чи е обвинета дека го прекршила домашниот притвор, а судењето против неа започна во понеделникот.