Човек влегол со две бомби во зградата на Претседателството на Србија

Во зградата на Претседателството на Србија, во центарот на Белград, влегол човек вооружен со две рачни бомби, јавуваат српските медиуми. Околу зградата на претседателството се распоредени голем број полицајци, возила на брза помош и припадници на други интервентни бригади, а околните улици се затворени за сообраќај. Полицијата се обидува да го убеди човекот да не го активира експлозивот. Засега нема информации дали во зградата се наоѓа српскиот претседател Борис Тадиќ.