Без визи, по работа во странство?

Евентуалната визна либерализација ќе ја раздвижи македонската економија, но може да предизвика и мигрирање, посебно на млади работници во странство, се согласуваат стопанствениците и упатените. Претседателот на самостојниот синдикат на вработените во
Можеби ќе има одлив на работна сила, како од земјите од источниот блок, и ние ќе поминеме низ тие процеси. Веројатно тоа ќе ја зголеми потребата од работна сила дома, а можеби и ќе ја зголеми цената
енергетиката, рударството и индустријата Лазо Стојчевски вели дека иселувањето на работници може да се очекува

„Тоа е јасно, дека размислува секој за подобра иднина. Би требало да има, но не очекувам преголема заинтересираност.“

Можноста за одлив на работна сила од земјава ја констатира и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

„Можеби ќе има одлив на работна сила, како од земјите од источниот блок, и ние ќе поминеме низ тие процеси. Веројатно тоа ќе ја зголеми потребата од работна сила дома, а можеби и ќе ја зголеми цената.“

Азески додава дека од друга страна, евентуалната визна либерализација би придонела и кон раздвижување на домашната економија

„Тоа прашање значајно ќе ја подобри динамиката за соработка, контакти итн, толку важно за бизнисот во Македонија, бидејќи тоа е
Укинувањето на визниот режим придонесува кон создавање на нови и посилни врски меѓу земјите и луѓето. Ова вообичаено води кон стабилизација и регулација на миграциските трендови
пазарот на кој се одржуваме и претендираме, тоа е пазарот со голема апсорбциона моќ за нашите стоки.“

Шефот на мисијата на Интернационалната организација за миграција во Македонија Ана Ева Радичети смета дека визната либерализација, генерално не е штетна во поглед на миграционите процеси.

„Најпрвин дозволете ми да кажам дека македонија има направено значаен напредок во поглед на визната либерализација. И покрај тоа што е рано да се каже, во нормални услови, укинувањето на визниот режим придонесува кон создавање на нови и посилни врски меѓу земјите и луѓето. Ова вообичаено води кон стабилизација и регулација на миграциските трендови, и најважно од се, се обезбедува подобра заштита на правата на мигрантите.“

Официјалните податоци покажуваат дека 38 отсто од Македонците би ја напуштиле државата доколку за тоа им се укаже можност.