Грузија - убиен еден од осомничените за државен удар

Грузијската полиција денеска го убила еден од наводните организатори на бунтот во армијата од почетокот на месецов, а уште двајца осомничени ранила. Како што јавуваат медиумите, до престрелката дошло кога полицијата го открила скривалиштето на осомничените во Тбилиси.