Самит Русија - ЕУ

Во рускиот град Кабаровск денеска започнува дводневниот самит Русија – Европска Унија. Главно прашање е енергијата и отстранување на проблемите при снабдувањето со руски гас за Европа. Политичките односи меѓу Русија и Европската Унија се влошија по ланската руско – грузиска војна, а сега се оптоварени и со минато-месечните случувања во Молдавија.