Сенатот не го усвои буџетот на Обама за затворање на Гвантанамо

Американскиот сенат не го одобри Буџетот во износ од 80 милиони американски долари за затворање на Гвантанамо Беј. Со тоа се одложуваат плановите на претседателот Барак Обама за згаснување на оваа затворска институција. Сенаторите исто така гласаа против предлогот за префрлување на затворениците во Соединетите Американски Држави.