Кина и ЕУ го продолжуваат партнерството

Кина и Европската Унија се решени да го продолжат стратешкото партнерство, а во тој дијалог има простор и за прашањето за човековите права без мешање во внатрешните работи, е договорот постигнат на самитот ЕУ-Кина во Прага. На состанокот присуствуваше кинескиот премиер Вен Џибао, чешкиот претседател Вацлав Клаус и шефот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо.