Бајден утре во посета на Приштина

Соединетите држави сакаат продлабочување на соработката со Србија, изјави денеска при посетата на Белград американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кој се сретна со српскиот претседател Борис Тадиќ и други владини претставници.
„САД силно го поддржуваат членството на Србија во Европската Унија, и продлабочувањето на безбедносната соработка на Србија со Соединетите Држави и сојузниците“ рече Бајден, истакнувајќи и дека Вашингтон не очекува од Белград да го признае Косово и оти тоа не е предуслов за американската поддршка за членството на Србија во европското семејство. Тој уште и посочи дека Соединетите Држави очекуваат Белград да ги испорача и сите обвините од Хашкиот трибунал. Американскиот потпретседател утре ќе престојува во официјална посета на Косово.