Повторно цивилни жртви во Авганистан

Трупите на НАТО соопштија дека при воздушен напад врз цели на бунтовниците во авганистанската провинција Хелманд, биле убиени осум цивили. Како што е соопштено од Алијансата, бунтовниците ги користеле цивилите како жив штит. Последниот инцидент со цивилни жртви, доаѓа по контроверзниот воздушен напад на американските сили, на почетокот од месецов. Денеска американската армија соопшти дека е можно оти во тој напад загинале најмалку 20 цивили, додека авганистанските власти велат дека во нападите имало над 140 цивилни жртви.