За ирански Претседател 4 кандидати

Иранскиот Совет одобри 4 кандидатури за претседателските избори на 12 Јуни. Покрај актуелниот Претседател Махмуд Ахмадинеџат кандидатурите им се одобрени и на поранешниот премиер Мир Хосеин Мусави, поранешниот парламентарен спикер Махди Каруби и на поранешниот командант на Иранската револуционерна гарда Мохсен Резаи.