Во Женева продолжуваат руско-грузиските разговори

Претставници на Русија и Грузија денеска во Женева ги продолжија разговорите, откако Москва ги прифати меѓународните повици да се врати на преговарачката маса. Имено, во рамки на разговорите кои започнаа вчера, преставниците на Русија и Јужна Осетија го напуштија состанокот, во знак на поддршка на делегатите од Абхазија кои одбија да учествуваат на разговорите. Дво-дневните разговори имаат за цел, решавање на безбедносните и други отворени прашања во регионот по минатогодишната руско-грузиска војна.