Министерот Миолошоски во неколкудневна посета на Њујорк

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски од денеска ќе престојува во неколкудневна посета на Њујорк каде што ќе има средби со правниот тим што работи на подготовка на доказите за тужбата на Македонија против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Писмениот доказен материјал до Судот треба да биде доставен до крајот на јуни, по што на Грција и останува период од шест месеци за подготовка на нејзините докази. Министерот Милошоски демантира дека била договорена негова средба со посредникот во спорот Метју Нимиц.