Во Москва состанок на Русија и САД за нукалерните арсенали

Руски и американски претставници со тридневниот состанок во Москва ги започнуваат разговорите за разоружување што би требало да завршат со намалување на нуклеарните арсенали на двете земји. Целта е да се замени договорот постигнат во илјада деветстотини деведесет и првата година за намалување на стартегиското оружје познат како СТАРТ, а кој истекува во декември. За овој договор ќе стане збор и на средбата меѓу претседателите Барак Обама и Дмитри Медведев на шестти јули во Москва.