ЦИА е за употреба на беспилотни летала против Ал Каида

Директорот на ЦИА Леон Панета застана во одбрана на употребата на беспилотни летала за бобардирање засолништа на Ал Каида во Пакистан. Според него, таквите напади биле многу ефикасни. Пакистанските власти пак сметаат дека тоа е нарушување на територијалниот суверенитет на земјата. Во ваквите напади досега загинале над триста и дваесет луѓе.