Обама ќе очекува одговор од Иран до крајот на годинава

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека до крајот на годинава очекува одговор на неговите дипломатски напори за запирање на иранската нуклеарна програма. Говорејќи по средбата во Вашингтон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тој повтори дека Соединетите држави сакаат да го вратат во светската заедница.