ЕУ повикува на истрага за евентуални воени злосторства во Шри Ланка

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на денешниот состанок во Брисел повикаа на спроведување независна истрага за утврдување на евентуално сторени воени злосторства од бунтовничните Тамилски Тигри или од властите во Шри Ланка, во текот на неодамнешните судири. Војската на Шри Ланка денеска соопшти дека ја презела контролата врз целиот остров, по повеќе од две децении борби со Тамилските Тигри. Во текот на судирите двете страни меѓусебно се обвинуваа за злоупотреба на цивилите.