Пакистанските власти ветија помош за бегалците

Пакистан соопшти дека офанзивата против талибанските бунтовници напредува успешно, а властите ветија помош за еден милион бегалци кои ги напуштија своите домови поради судирите на северо-западот од земјата. Пакистанскиот премиер Јусуф Реџа Џилани изјави дека трупите ќе останат во регионот се додека не биде воспоствен целосен мир и додека раселените не се вратат во своите домови. Пакистанската армија соопшти дека повеќе од илјада милитанти се убиени во три-неделната офанзива.