Ирачката полиција објави снимка од уапсениот Ал Багдади

Ирачката полиција денеска објави видео снимка на која е прикажано сослушување на човек, за кој полицијата тврди дека е Абу Омар Ал Багдади, еден од лидерите на Сунитска Исламистичка група во Ирак поврзана со Ал Каеда. Ирачката полиција минатиот месец соопшти дека го уапсила Ал Багдади, иако од неговата бунтовничка група тоа го демантираат.