Состанок на Светската Здравствена Организација

Борбата против ширење на вирусот на свински грип и можност за производство на вакцина против овој вид на вирус, се главни теми на годишниот состанок на Светската Здравствена Организација, што денеска започна во Женева. Состанокот ќе трае пет дена, а на него присуствуваат здравствени претставници од 193 земји членки на Организацијата. Според последните податоци на СЗО, 8 829 лица во 40 земји се заразени од вирусот на свински грип, а досега починале 74 луѓе.