Судски процес против опозиционата лидерка во Мјанмар


На про-демократската опозициона лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, денеска ќе и се суди за прекршување на домашниот притвор и може да и биде изречена казна затвор од 5 години. Европската Унија најави заострување на санкциите против режимот во Мјанмар.