Средба Обама - Нетанјаху во Вашингтон


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Главните теми ќе бидат израелско – палестинскиот конфликт и иранската нуклеарна програма. Нетанјаху досега не изјаснил дали ќе прифати создавање палестинска држава, а во врска со Иран, Израел искажува загриженост поради наредувањето на иранската нуклеарна програма и не ја исклучува можноста од воена интервенција.