Тамилските Тигри ги прекинуваат борбите против владините сили

Бунтовничките Тамилски Тигри соопштија дека ги прекинуваат борбите по повеќе од две децении војна против владините сили во Шри Ланка. Одлучивме да го ,,замолчиме“ нашето оружје за да го спасиме народот, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на Тамилските Тигри. Претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапакса вчера прогласи победа против бунтовниците. Иако армијата во Шри Ланка вели дека сите цивили кои што побегнаа од воената зона биле спасени, од Агенцијата за бегалци на ОН информираа дека околу 30 до 80 илјади цивили сеуште се наоѓаат во зоните каде што се водат битките. Тамилските Тигри 25 години водеа битки против властите во Шри Ланка барајќи независност за тамилското малцинство.