ОН повикува на намалувањето на ризиците од природни катастрофи

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој денеска во Бахреин го претстави извештајот за намалување на ризиците од природни катастрофи, ги повика владите во светот да вложат повеќе напори за спасување на милиони човечки животи. Во извештајот насловен како ,,Намалување на ризиците од катастрофи, светски биланс во 2009-та година,, ОН укажува дека климатските промени, влошување на условите на животната средина и урбанистичката анархија можат да го загрозат населението ширум светот.