Денеска во Хрватска се оддржуваат локални избори

Во Хрватска денеска околу четири милиони гласачи ќе избираат локални претставници во земјата. На локалните избори се гледа како на тест за владеачката Хрватска демократска заедница. Анкетите покажуваат дека опозициската Социјалдемократска партија има поддршка од 28,9 проценти од избирачите, додека владејачката ХДЗ ја поддржуваат 25,3 отсто. На овие избори за прв пат од прогласувањето на независноста на Хрватска градоначалниците и жупаните ќе бидат избирани со директно гласање. Тие досега беа избирани од страна на советниците.