Протести поради економската криза во Прага

Денеска во Прага се оддржаа протести на работниците и синдикалните организации, поради злоупотребувањето на актуелната економска криза на сметка на работниците. Околу 30 илјади лица учествуваа на демонстрациите во главниот чешки град, а кои се продолжение на серијата протести што изминатава недела се одржаа во Мадрид, Брисел и Берлин, против искористувањето на економската криза како изговор за кршење на работничките права.