Продолжуваа операцијата на пакистанската армија во долината Сват

Пакистанската армија соопшти дека убила 47 талибански бунтовници во изминатите 24 часа во операцијата во северозападната долина Сват. Во судирите загинале и тројца војници. Инаку денеска при експлозија на автомобил бомба во градот Пешевар, на северозападот од земјата, загинаа најмалку девет лица, а 20-тина се повредени. Претходно, американско беспилотно летало истрелало ракета врз позиции на милитантите во немирниот регион Северен Вазиристан при што биле убиени десетмина од нив.