Државниот врв на консултации за името

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во претседателската резиденција ќе одржи консултација за текот на разговорите по прашањето за името. На консултацијата ќе присуствуваат претседателот на Владата Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и посредникот во разговорите амбасадорот Зоран Јолевски, соопшти кабинетот на Претседателот.