Медведев бара нов транс-атлански безбедносен договор


Рускиот претседател Дмитриј Медведев ги критикуваше НАТО вежбите во Грузија, оценувајки дека проширувањето на Алијансата кон исток создава нови поделби и е штетно за безбедноста во Европа. Во телевизиско интервју, Медведев оцени:
За жал, европската безбедност не е зајакната, туку се случува спротивното. Безбедноста на Европа, како што ни објаснуваат тие, се обезбедува со експанзија на еден воено-политички блок. Медведев се заложи за создавање нов транс-атлански безбедносен договор.